Ладно зимско декемвриско утро низ Македонија.

Најниска температура од -3 степени Целзиусови утрово е измерена на Попова Шапка. Следат Маврови Анови и Берово со -1 степен, 0 во Скопје-Зајчев Рид, Скопје-Петровец, Крива Паланка, Крушево, 1 Битола, Куманово, Тетово, Претор, 2 Прилеп, Охрид, Виница, 3 Штип, Струмица, Велес, 4 Кавадарци, Демир Капија и 6 степени во Гевгелија.

Најмногу воден талог за изминатите 24 часа до 07 часот има наврнато во Лазарополе – 4 л/м2, 1 л/м2 во Маврови Анови и на Попова Шапка.

Висината на снежната покривка во 07 часот (во сm) изнесува 54 см во Маврови Анови, 42 Попова Шапка, 27 Крушево и 1 см во Берово.

Времето денеска претпладне променливо облачно со слаба магла или ниска облачност по одделни котлини. Во текот на денот сончево и тивко со мала до умерена облачност. Максималната температура ќе достигне од 6 до 11 степени.

Во Скопје претпладне умерено облачно, преку денот сончево и тивко со умерена облачност. Максималната температура ќе достигне до 9 степени.