37-годишна државјанка на Венецуела пријавила дека била физички нападната во апартман во Скопје, по што ѝ биле одземени два мобилни телефона.
Случајот бил пријавен на 27 август во 11:20 часот во Полициската станица Центар. Л.А.Ц.Г. (37) пријавила дека околу 03:00 часот била физички нападната од Б.Џ. од Косово, кој живее во Лондон.
Според пријавеното, жената претходно телефонски се договорила со мажот да се сретнат, по што тој дошол во апартманот во кој престојувала, на територијата на општина Центар.
При нападот, според пријавата, Б.Џ. ѝ одзел два телефона.
Од Министерството за внатрешни работи информираат дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.
