НАСА ќе го откаже лансирањето на новата ракета „Артемис 1“ на Месечината бидејќи на американската сојузна држава Флорида и се приближува тропската бура Јан.

Лансирањето на најмоќната ракета на американската вселенска агенција беше закажано на 27 септември.

Помошникот администратор во Дирекцијата за развој на истражувачки системи на НАСА, Џим Фри соопшти дека доколку се подобрат условите, постои можност сепак да се случи лансирањето.