Во Хелсингборг се отвора прашањето за минимален придонес
Генералниот секретар на НАТО Марк Руте изјави дека голем број членки на Алијансата не издвојуваат доволно средства за поддршка на Украина, говорејќи пред состанокот на министрите за надворешни работи во Хелсингборг, Шведска.
Тој порача дека е потребна дискусија за воведување минимално ниво на поддршка за Украина, бидејќи сегашната распределба не е рамномерна.
„Поддршката не е рамномерно распределена во рамките на НАТО. Таа е концентрирана на мал број земји, меѓу кои е Шведска, која навистина е лидер во поддршката на Украина, како и други земји како Канада, Германија, Холандија, Данска и Норвешка“, истакна Руте на заедничка прес-конференција со шведскиот премиер Улф Кристерсон.
Министрите за надворешни работи на НАТО денеска и утре во Хелсингборг разговараат за подготовките за Самитот во Анкара, кој треба да се одржи во јули
