Портпарол на стадионот потврди дека едно лице е пренесено во болница во сериозна состојба.

– Можеме да потврдиме дека еден навивач падна од трибините скоро по почетокот на натпреварот. На лице место му била укажана лекарска помош и во сериозна состојба бил пренесен во болницата. Ние ќе продолжиме да работиме со УЕФА за да испитаме како се случила оваа несреќа, рече портпаролот.

Сведоци виделе како ја преминува оградата.

– Потоа тој падна на земја и не се помрдна, рече еден од сведоците, пренесува„ Сан “.