Од Комисијата која ги разгледувала елаборатите истакнале дека елаборатите биле правени по погрешен член од Законот за урбанистичко планирање.

– Наместо да побараат суспензија само на делови од планот каде има одредени прекршувања, тие бараат да се суспензира цел план. Посочувајќи неправилности во една четврт бараат укинување на цел план. Во ниту еден елаборат не е докажана штета за јавен интерес, изјавиле од Комисијата.

Оттаму сметаат дека главната грешка на Општината е што не го сменила планот толку време и дозволила тој да се реализира.

Во планот кај Холидеј не е споменато ниту збор за штета што би настанала, велат од Комисијата додавајќи дека тие не носат одлука туку само укажуваат каде има пропусти во елаборатот.

– Општината носи одлука дали ќе суспендира план, посочија од Комисијата на денешниот брифинг.