Изјава на поранешната висока претставничка на ЕУ

Поранешната висока претставничка за надворешна и безбедносна политика на ЕУ, Федерика Могерини, се огласи по вчерашното приведување за сослушување во рамки на истрага на Европското јавно обвинителство. Таа нагласи дека не се чувствува виновна и дека има целосна доверба во судскиот систем.

„Убедена сум дека ќе се утврди законитоста на постапките на колеџот“, рече Могерини во официјалното соопштение од прес-службата на Колеџот на Европа во Бриж, Белгија, каде што е ректор.

Соработка и очекување за потврда на исправноста

Во однос на истрагата за основањето на Дипломатската академија на ЕУ, Могерини им го појасни својот став на истражителите и истакна дека ќе продолжи да соработува со властите. Таа очекува дека активностите на Колеџот на Европа ќе бидат потврдени како законски пред суд. Могерини, заедно со уште двајца високи италијански функционери, се обвинети за измама, корупција, конфликт на интереси и оддавање професионална тајна, поврзани со доделувањето на програмата за обука на млади дипломати.