ВМРО-ДПМНЕ најостро го осудува симнувањето и сквернавењето на македонското знаме во Гостивар, се наведува во официјалното соопштение на партијата.
Македонското знаме претставува државен симбол и секое негово непочитување треба веднаш да биде санкционирано.
„Ваквиот однос на поединци во општеството создава поделби, а не сплотување“, посочуваат од партијата.
„Ги повикуваме надлежните институции веднаш да постапат и да ги идентификуваат сторителите“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.
