Можеа да се забележат само пратеници од мнозинството. Пратениците од Движењето Беса на чело со Биљал Касами беа расположени.

Недостасуваа пратениците од опозицијата. За ова координаторот на пратеничката на СДСМ Митревски вели дека тие се во другата тура за вакцинирање.

-Информациите што ги имамод другите пратенички групи е дека ќе се појават сите пратеници. Од консултации од другите пратенички групи во текот на денот ќе се појават и ќе го завршат процесот на вакцинација, истакна Јован Митревски, пратеник во собранието.

Но, имаше и револтирани. Наводно им било најавено дека ќе се вакцинираат со „Фајзер“, но кога дошле ги боцкале со руската „Спутник“. Павле Трајанов вели дека и пратениците би требало да имаат можност за избор.

-Официјано беше дека со фајзер ќе бидеме вакцинирани. Луѓето се спремаа за Фајзер. Сега излезе дека со Спутник. Мислам дека не е коректно. Не верувате во руската вакцина? Верувам во правото на избор на граѓаните. Сите вакцини се супер, рече пратеникот Павле Трајанов.

По вакцинацијата некои си направија селфи! Пратеничката Маја Морачанин вели дека едвај чекала да дојде на ред и не битно со која марка се вакцинирала.

-Јас искрено да ви кажам едвај дочекав да ми дојде редот за ваксинација. Со која вакцина се вакциниравте? Искрено да ви кажам незнам мислам дека Спутник. Да спутник е. Но сеедно е сите вакцини се безбедни важно е што помасавно сите да се вакцинираме само така може да ставиме крај на оваа пандемија, рече пратеничката Маја Морачанин.

Претседателот на Собранието Талат Џафери изјави дека никого не може да тера со сила да вакцинира.

-Нивна лична одлука е кој ќе дојде, тоа е волја на секој поединец, не е одговорност на претседателот на Собранието. Toa е волја на секој поединец. Битно е сите се предвидени, а кој како ќе одлучи нивна работа, рече Претседателот на Собранието, Талат Џафери.

Филипче во изјавата дециден дека пратениците ќе се вакцинираат со Спутник и нема да бираат со која вакцина ќе се вакцинираат.

-Ќе ја примат вакцината на Спутник и денеска во три групи е организиран процесот на вакцинација, посочи министерот за здравство Венко Филипче.

Инаку Филипче најави дека секој понеделник ќе стигаат по 5 до 7 илјади вакцини од Фајзер. Овој месец е предвидено да стигнат околу 26 илјади. За 28 април е најавено доаѓањето на 200 илјади кинески вакцини. Пристигнувањето ќе се поклопи со Велигденските празници и таа вакцина ќе се дава од 4 мај, вторникот после празниците. До тогаш ќе бидат спремни сите спортски сали во шесте со другите градови.