Поминува скоро месец дена од случајот Онкологија каде има основани сомневања за тоа дека лековите за онколошките пациенти не завршувале на вистинска адреса, а резултати конкретни нема, велат од Комисијата за здравство на ВМРО-ДПМНЕ.
Тие ги прашуваат надлежните:
1. Зошто нема надзор и усогласеност во начинот на евиденција и работа во здравствените установи?
2. Дали случајот „Онкологија” е единствен таков случај и колку други такви случаи постојат за клиники, болници, аптеки?
3. Зошто не се кажува ништо за сивиот пазар и препродавањето лекови преку аптеките, а на терен има нула активности и транспарентост за преземените чекори?
4. Зошто кога се вовела скапата биолопшка терапија не е воведен и систем на следливост на истата?
5. Дали функционирала соодветно аптекарската служба во Универзитетска клиника за онкологија и радиотерпија?
6. Дали после извршената ревизија:
– Клиниката за онкологија има донесено интерен акт со кој ќе се уреди начинот на набавки, прием и издавање на биолошката терапија?
– Дали е спроведен вонреден попис за усогласување на сметководствената со фактичката состојба на залихата на биолошката терапија?
7. Ако навистина зборуваат за транспарентност, зошто сето ова не е ставено на увид на јавноста или барем на осигурениците?
Извор: Republika.mk.