Врз основа на искажаните сомнежи во текот на минатата недела за криминалниот тендер на Град Скопје и Петре Шилегов ,ВМРО-ДПМНЕ денеска ќе поднесе кривичен поднесок. Се со цел да го охрабриме Јавното обвинителство да се позанимава малку со овој очигледен крими шема скандал што го обзнанивме, рече на прес-конференција Нелоски .
-Имено, зетот на секретарот на Петре Шилегов, односно вториот човек во Градот Скопје успеал да земе фрапантни 500.000 евра како дел од тендерот за т.н. противпожарна скала. Се надеваме дека конечно Јавното обвинителство ќе се охрабри и ќе ги обзнани и ќе ги побара сите факти поврзани со овој случај, а се разбира и дека граѓаните на Скопје ќе ја добијат правдата за нивните потрошени пари, истакна Нелоски.