Кривичниот совет го потврди притворот по откривањето 350.000 евра во имот во Неготино
Кривичниот совет на Основниот кривичен суд Скопје ја одби жалбата на судијата Ѓоко Ристов и го потврди решението со кое му е определена мерка куќен притвор, по обемната истрага во која во семеен имот во Неготино беа пронајдени 350.000 евра скриени во ѕид.
Одлуката е донесена по разгледување на жалбата што ја поднесе одбраната на осомничениот, со која се бараше укинување на мерката куќен притвор. Советот, според достапните информации, оценил дека нема основ за нејзино укинување.
Ристов се гони за противправно стекнување имот и перење пари
Судијата Ѓоко Ристов се најде во центарот на вниманието на јавноста по полициската акција во која беше откриена голема сума готовина, заѕидана во објект во негова сопственост, што отвори сериозни сомнежи за потеклото на средствата.
Ристов во моментов се гони поради сомнеж за сторени две кривични дела – „противправно стекнување и прикривање имот“ и „перење пари“, додека истрагата за целиот случај продолжува.
