Драги Рашковски кој се поврзува со многу скандали од денеска и официјално си даде оставка, а за тоа извести преку Фејсбук.

Кога политиката ќе стане погласна од природните науки, тогаш работната атмосфера станува непогодна за некој кој е научен во сè да ја бара логиката. Вистината нека се провери преку институциите. Нема затскривање позади функции, стои во писмото на Рашковски до Заев.

Но, иако Рашковски си даде оставка зад него остануваат низ скандали кои на неколпати ја тресеа македонската јавност.

Во Државната комисија за спречување на корупцијата отворени се предмети за набавката на софтвер за контрола во сообраќајот кој Рашковски како генерален секретар на Владата го распишал без знаење на МВР. Се проверува и неговата имотна состојба која не е еднаква со пријавеното во неговиот имотен лист, а неговото име се споменуваше и во скандалот со италијанската компанија Леонардо за опрема на скопскиот аеродром.

Неговото име се поврзува и со низа скандали, а еден од нив е и спорниот софтвер со „Инвока груп“ набавен за потребите на МВР, иако од Министерството рекоа дека таков софтвер не им бил потребен. Телевизиската екипа на 360 степени кога проба да сними интервју во неговата фирма беше избркана. Повеќе може да погледнете од видеото во продолжение.

Изгледа дека причината за конечната оставка на Рашковски е последниот обелоденет скандал. Како што објавија вчера одредени медиуми, во неговиот анкетен лист го нема и земјиштето кај Побожје на кое планира да изгради куќа од дури 800 квадратни метри. Пред два дена исто така, беше објавено дека Рашковски вози џип од марката „волво“ а истиот вреди најмалку 74 илјади евра. И „волвото“ на Рашковски, како и земјиштето – не може да се најде во анкетниот лист кој тој го има доставено до Државната комисија за спречување на корупција.

Рашковски беше автор и на неколку проекти кои упорно ги туркаше во Владата, ама поради бројни реакции од јавноста не се реализираа.