Познатиот поддржувач на СДСМ, Ненад Јовановиќ, од Малта се вклучи во поддршка на Филипче во внатре-партиските превирања во СДСМ.
По излегувањето во јавност на групата на социјалдемократи, Јовановиќ јасно на фејсбук ја исцрта линијата за поддршка за Филипче.
Неговиот пост, излегува по вчерашното излагање на Игор Ивановски, кој побара партијата да им се врати на членовите.
Постот на познатиот Неџат (така еднаш го нарече Сашо Тасевски), ви го пренесуваме во целост:
Во моменти кога СДСМ минува низ најсериозниот период на консолидација, јасно се гледа разликата меѓу оние кои се борат на терен за државата и партијата, и оние кои од удобните фотелји и матните политички кулоари се обидуваат да тргуваат со партискиот супстрат.
Давам целосна и недвосмислена поддршка за претседателот Венко Филипче во неговата мисија за обнова на социјалдемократијата во Македонија.
Тој покажа капацитет, издржливост и храброст да ја преземе одговорноста кога беше најтешко, за разлика од дежурните ‘критичари’ и самопрогласени ‘реформатори’ кои се будат само кога треба да се одработи за туѓи сметки.

Таканаречените реформски крила во СДСМ денес не се ништо повеќе од политички опортунисти. Нивната цел не е силна и реформирана партија, туку слаба опозиција која ќе биде лесен плен за националистичката власт.
Нивната маска паѓа секој пат кога наместо да ги нападнат погубните политики на ДПМНЕ, тие удираат по сопствените сопартијци. Тоа не е реформа, тоа е класично саботирање.
Ги познавам добро денешните ‘реформатори’ на СДСМ: тоа не се ништо освен спијачи, ‘слипери’ кои се будат само кога треба нешто да подриваат. Кај широките маси и народот тие немаат никаква проѓа, ама во салонските кулоари глумат естетски куклички завиени во некаков лажен псевдо-интелектуализам.
Тоа се луѓе на кои никогаш во животот не би им дал еден осигурувач во домот да ми сменат, а уште помалку детето да ми го почуваат додека сум излезен на итна работа.
Е, на Венко би му го доверил моето дете на чување, а богами би му верувал дека осигурувачите за струја се добро наместени и работат, ако ме разбирате што сакам да кажам.
Од друга страна, училиште за лидер нема. Тоа се учи непосредно, на дневна основа, во секојдневна комуникација.
Држете се до Венко, градете ја партијата и државата со Венко како лидер, оти во спротивно, да ми верувате во ова што ќе ви го речам: п’цета со маст не ве јадат!
Држете се до Венко, градете ја партијата и државата со Венко како лидер, оти во спротивно, да ми верувате во ова што ќе ви го речам: п’цета со маст не ве јадат!
И од друга страна, еден мал и зезнат детаљ (оти ѓаолот е во детаљот!): кога се оди по улица, посебно кога сакате да бидете опозиционери, земјата треба да се тресе! Треба да се зрачи со нешто кое го имате во себе, а тоа е достоинство, остар поглед и несекојдневна опуштеност, а не стрес, нервоза и пизма.
Треба да се биде начисто со себе и со светот кој ве опкружува. Само во таква констелација може да се прават вистински промени.
Инаку, за ваша информација: Црна Гора ќе летне во Европа, Албанија е следна, а ние?
Инаку, за ваша информација: Црна Гора ќе летне во Европа, Албанија е следна, а ние?
Вака ако се продолжи, за нас ќе има само Црвен бан, ако ме разбирате што сакам да ви кажам.
Запомнете:
СДСМ има сила, кадар и историска обврска да застане на патот на ова назадување на земјата.
Под раководство на Венко Филипче, партијата ќе се исчисти од хипотеките на минатото и од оние кои ја гледаат организацијата како акционерско друштво за лични интереси. Битката за демократска Македонија продолжува, обединети и без компромиси со уценувачи.
Поддршка за Венко!