Рестриктивните мерки остануваат на сила уште една недела, неофицијално дознаваат од НОВА. Одлуката е донесена утрово на Главниот координативен кризен штаб, по предлог на министерот за здравство д-р Венко Филипче, односно Комисијата за заразни болести.
Веќе следната недела, по анализата на состојбата ќе се утврдува дали полицискиот час ќе се намали за еден час, а угостителските објекти ќе можат да примаат гости само надвор. Предлогот за мерките утре ќе биде на седница на Влада, каде треба да се усвои.