Нови земјотреси во текот на денот се забележани на територијата на Србија.

Овој пат се тресеше на територијата на Ужице.

Републичкиот сеизмолошки завод на Србија забележа земјотрес од 1,7 степени според Рихтеровата скала.

Според податоците на сеизмолошкиот завод, уште еден земјотрес е регистриран во Горњи Милановац, нешто по 11 часот.

Трет земјотрес со јачина од 2 степени според Рихтеровата скала е регистриран во Бор.

Земјотресите со ваков интензитет не можат да предизвикаат оштетувања на објектите во епицентралното подрачје.