ЕМА објави дека врската помеѓу ГБС и вакцината Ваксзевриа на Астразенека во најмала рака е „разумна можност“, бидејќи 833 случаи на синдромот се пријавени откако од 31 јули ширум светот се дадени 592 милиони дози од вакцината.

ЕМА го категоризираше овој несакан ефект како „многу редок“, што е најниската зачестеност што некој несакан ефект може да ја има.

Агенцијата посочи дека придобивките од вакцината на Астразенека сè уште ги надминуваат ризиците.

Американската администрација за храна и лекови (ФДА) издаде предупредување дека ГБС е можен несакан ефект на вакцината Џонсон&Џонсон. И двете вакцини користат векторска технологија и се поврзани со ретки случаи на згрутчување на крвта.

ЕМА на листата додаде и повеќе безопасни несакани ефекти за вакцините Џонсон&Џонсон, Модерна и Астразенека, како што се болка во рацете, нозете и стомакот и симптоми слични на грип.