Министерот за транспорт, Александар Николоски попладнево гостуваше на Вести плус што се емитува на телевизија Канал 5. Министерот се осврна на актуелниот Предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за урбанистичко планирање при што ја нагласи потребата за донесување на законот, целите што ќе се постигнат и основните решенија што се уредуваат со законот.
„Во законот велиме дека за објекти кои се од образование и социјална заштита и сообраќај, поточно училишта, амбуланти, болници и катни гаражи во стопроцентна државна или општинска сопственост финансирани исклучиво од државни и општински пари ќе може да се применуваат поедноставни постапки кои ќе значат дека општините ќе можат брзо да изработуваат планови за овие намени и брзо да ги реализираат“, кажа министерот Николоски.
Министерот дополнително објасни зошто се прават законските измени.
„Прво, 2020 година не знам по кој основ тогаш законодавецот определил дека плановите кои се започнати во тој период мора да се завршат во рок од 4 години што е правна несигурност. Не знам зошто не напишале, пет, три или седум или осум години. Сега ние сме во ситуација во која 600 планови се заглавени и висат, ниту можат да одат напред ниту да се вратат назад. Ниту јас како министер можам да ги одбијам, ниту да ги прифатам тие планови. И го избришавме тој спорен момент за да оваа работа се заврши. Друго, со овие измени се зајакнува улогата на Министерството за транспорт како главен контролор на општините и се брише правилото молчењето е одобрување кое во минатото велеше дека доколку во рок од 20 дена министерот не се изјасни по даден пан се смета дека министерот дал позитивно мислење. Сега тоа го бришеме и се додека министерот не даде позитивно мислење планот не може да оди понатаму“, изјави министерот Николоски.
Министерот информираше дека на дебатата на надлежната собраниска Комисија повикал да присуствуваат невладини организации. Според него и покрај неговата добра волја тие тераат други агенди и праша „дали зад нив стои урбаната мафија“.
„Денес понудив прво, да се изработи целосно нов закон за просторно планирање, за двете општини Центар и Карпош да донесеме специјални закони за да се стави ред и дека во овие две општини нема да потпишам за изградба на згради“, вели министерот.
Министерот Николоски изрази задоволство што опозицијата не поднела ниту еден амандман што како што кажа значи дека се согласуваат со измените на законот.
Министерот Николоски информираше дека овие законски измени морале да поминат за да се исполни изборното ветување на општините да им се префрлаат пари и како што рече за останатите четири месеци од годинава треба да им се префрлат 100 милиони евра.
Николоски објасни дека за да се реализира ова префрлување на средства пoтребно било да поминат Законот за финансирање на единиците на локалната самоуправа и Предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за урбанистичко планирање,