Македонија има големи пријатели и долгогодишното пријателство помеѓу двете земји мора да се негува. Ова го истакна министерот за транспорт, Александар Николоски. Тој е дел од македонската делегација која е во Будимпешта на меѓувладината конференција помеѓу Македонија и Унгарија.
„Топло добредојде во пријателска Унгарија“: Мицкоски пристигна во Будимпешта
Николоски посочи дека ова партнерство е важен елемент за идниот развој и напредок на Македонија, особено во контекст на европските интеграции. Владиниот самит во Унгарија е продолжение на стабилната и пријателска соработка која постои меѓу двете држави. Конференцијата ќе ги разгледа и можностите за продлабочување на економските и политичките врски.
Претседателот на македонската влада, Христијан Мицкоски, исто така учествува на самитот, кој ќе се одржи денес и утре во Будимпешта.