Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски од Стразбур застанува во одбрана на Македонците кои живеат зад нашите граници.
Тој од зимската сесија на Парламентарното Собрание на Совет на Европа се обрати дека со директно прашање кон Комесарот за заштита на човечките права ќе потенцира за настава на мајчин јазик и правото на здружување за Македонците во Бугарија, Грција и Албанија.
На почеток на зимската сесија на Парламентарното Собрание на Совет на Европа во Стразбур. Денес директно ќе ги прашам тројцата кандидати за Комесар за човекови права што ќе направат за заштита на човековите права, правото на употреба и настава на мајчин јазик и правото на здружување за Македонците во Бугарија, Грција и Албанија. Од нивните одговори ќе одлучам за мојот избор, пишува Николоски на својот Фејсбук профил.
Освен борбата за македонското малцинство, Николоски од Стразбур најави кандидатура за реизбор за Потпретседател на Европската Народна партија.
Исто така најавувам кандидатура за реизбор за Потпретседател на Европската Народна партија EPP – European People’s Party во Совет на Европа, позиција која ја извршувам во изминативе две години. Секогаш во борба за правата на Македонците и Македонија, заклучува Николоски.