Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски од митингот во Демир Капија истакна дека по промените на централно ниво, време е за промени и на локално ниво во Демир Капија.
-Демир Капија можеби е мала како општина, но во делот на СДСМ многу бандити кои ја злоупотребуваат функцијата и мислам дека основната причина зошто тука грчевито се бори оној кој си заминува од градоначалник, е токму за да ги заштити работите кои ги правел во делот на злоупотреби. Во министерството кое го водам веќе има бројни претставки од граѓани, но и од институции и мислам дека е свесен дека по заминувањето работата ќе му биде испитана и ќе се одговара за секој криминал и корупција направени во Општината, дециден е Николоски.
Тој посочи дека Демир Капија е општина со голем потенцијал, за економски развој.
-Навистина треба да е загрижен за ова што го правел, дали е во дел на одредени винарии, рибници или во дел на други проекти кои ги спровел тука, а никој не може да ги види. Затоа прво победа на 19 октомври тука, а потоа одговорност, потенцираше Николоски.