Николоски – Орбан: Продолжува соработката меѓу Македонија и Унгарија
Александар Николоски се огласи по средбата со Балаш Орбан кој е политички директор во Владата на Виктор Орбан.
Одличната соработка со Унгарија и носи економски и политички напредок на Македонија. Унгарија ја потврди поддршката за справување со пожарите Имав одлична средба во Будимпешта со Балаш Орбан, политичкиот директор на шефот на Владата и долгогодишен поддржувач на Македонија, пишува Николоски на својот Фејсбук профил.
Помош со дела: Финансиска помош, гаснење пожари
На средбата се потврдија досега познатите постулати дека Унгарија е пријател на Македонија.
Уште еднаш ги потврдивме одличните пријателски односи меѓу двете земји, разговарајќи за економските и политички случувања во Македонија. Унгарија е наш партнер во спроведување на евроинтегративните процеси и голем поддржувач на Владата, особено тоа се потврди преку директната финансиска помош од 500 милиони евра за граѓаните и за развој на македонската економија. Изразив голема благодарност за помошта од унгарската влада, особено за поддршката што ја овозможува за справување со пожарите во нашата земја, заклучува заменик претседателот на Владата, Александар Николоски.
Објавата на Николоски може да ја погледнете во продолжение: