Потпретседателот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски, преку својот Фејсбук профил упати жестока критика кон владините функционери кои заминаа на одмор во Мексико и Дубаи.

Николоски сподели вест, во која се наведува дека Рашковски и Николовски не треба да останат во карантин при враќањето во Македонија, бидејќи тие не биле дел од Афричките земји за кои е предвидена изолација за сите пристигнати патници.

– Овие се смеат и ПЛУКААТ ВО ЛИЦЕ на над 3300 семејства што изгубија свој близок во битката со короната и над 113 000 кои се заболени од корона. ОСТАВКИ!, напиша Николоски.

НАДРЕАЛИЗАМ!

Нема друг израз! Овие се смеат и ПЛУКААТ ВО ЛИЦЕ на над 3300 семејства што изгубија свој близок во битката со короната и над 113 000 кои се заболени од корона. ОСТАВКИ!

Posted by Aleksandar Nikoloski on Wednesday, March 17, 2021