Преку Фејсбук објава Николоски му се заблагодари на претседателот Мицкоски.

Би сакал да му се заблагодарам на Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ и иден Претседател на Владата, Христијан Мицкоски за укажаната доверба и чест да бидам Заменик Претседател на Владата и Министер за транспорт и врски.
Да се биде дел од неговиот тим во ВМРО-ДПМНЕ беше огромна чест и одговорност, истото е и за Владата.
Како што го кренавме ВМРО-ДПМНЕ, така ќе ја креваме и Македонија!
Народот ни даде огромна доверба. Со многу посветеност и напорна работа ќе ја оправдаме. Ќе правиме убави работи.
За Македонија!, напиша Николоски на Фејсбук.