– Еве едноставно зошто треба да е одложен пописот. Согласно она што Заводот за статистика го кажува е ќе има 5500 попишувачи, кога тие ќе се среќаваат со илјадници луѓе веројатноста да заболат е огромна, додаде тој.

Повикувајќи се на кажувања на СЗО, Николоски рече едно лице кога ќе заболи додека открие заболува најмалку 9 лица.

– Што значи дека во процесот на попис, овие 5500 попишувачи ќе го пренесат вирусот на 49.500 лица. И во Македонија смртноста е меѓу највисоките или е 4,9 проценти, што значи дека попис во април ќе значи 2400 мртви од корона и ќе значи колапс на здравствениот систем затоа што педесттина илјади луѓе ќе заболат, кажа Николоски.

Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ посочи дека ако Заев и Ахмети сакаат да го реализираат политичкиот договорот што го имаат тогаш тоа ќе биде нивна одговорност.

– Ако имаат малку одговорност истиот треба да го одложат, рече Николоски.