Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николоски при денешната посета на општина Бутел говорејќи за скандалот со извидничкиот одред истакна дека Петре Шилегов финансира проекти со кои се руши македонското семејство и дека се тоа е дел од агенда за уништување на македонските традиционални вредности и затоа бегаат од одговорност.
– Ќе има одговорност и ќе го повикаме на одговорност Петре Шилегов да каже зошто давал пари на здруженија на извидници кои што ги сквернават нашите деца кои што им ги уништуваат животите. Зошто давал пари да се нарушуваат семејните вредности , дали нивната цел е да го уништат традиционалното семејство во Македонија и да ги уништат децата, вели Николоски.
Николоски истакна дека Шилегов нема релевантен одговор се уште до ден денешен и не бара ни да се вратат парите затоа што и тој е дел од агендата .
– До денес не даде релевантен одговор. Ако навистина нема врска со целата работа зошто не побара да се вратат парите и да одговараат тие кои го направиле тоа. Нема да побара затоа што тоа е дел од една агенда за уништување на македонското семејство, потенцираше Николоски.