Тој вели дека за 20 отсто се кратат функционерските позиции.
„Точно е дека го скративме бројот на институции во државава за околу 20 проценти и дваесеттина проценти од условно кажано од функционерските позиции“, вели Николоски.
Николоски укажа дека кратење ќе има во делот на таканаречени економски директори.
„Значи во болниците нема да има по два директори затоа што сметаме дека тоа е една од причините за колапс на системот. Затоа ќе има само еден директор за цел клинички, ФЗО ќе има еден директор наместо двајца, болниците низ државата исто ќе имаат еден не по двајца директори“, кажа Николоски.
Николоски информираше дека со формирањето на нови министерства се кратат и неколку агенции.
„Агенција за енергетика се укинува, ќе се укине и Фондот за иновации таму ќе има сериозна истрага и бројни други институции“, изјави Николоски.
Сумирајќи ги реформите кои водат кон поефикасна работа Николоски укажа дека со тоа идејата е да се намали и бројот на вработени и да има ефикасна администрација.