– Само со висока излезност на граѓаните на локалните избори кои не очекуваат за 20-тина дена, ВМРО-ДПМНЕ може да добие целосен легитимитет да ги руши штетните политики на власта, бидејќи алтернативата која не очекува доколку биде спротивното е некој нов преспански договор каде што Зоран Заев ќе потпише дека Македонците се бугари, доколку народот го гласа. Доколку пак народот не го гласа ќе потпишува жалби до обвинителство и до судство затоа што ќе одговара за криминалите кои ги направи, истакна Николоски.
Николоски: Со висока излезност ВМРО-ДПМНЕ ќе добие легитимитет да ги руши штетните политики на Зоран Заев и СДСМ
Н
На следниве локални избори очекувам реверзибилен процес, односно очекувам ВМРО-ДПМНЕ да добие целосен легитимитет од граѓаните да се бори против штетните политики на власта кои ги спроведува на секое поле, истакна потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николоски во денешното гостување на Телевизија Алфа.