Тој истакна дека само овие два тендери се доволен доказ за грабежот кој му се случува на македонското здравство и тоа во услови на корона криза и во услови кога овие кои се болни самите си ги купуваат лековите, а граѓаните трошат илјадници евра по приватните болници, а оние кои немаат мораат да бидат хоспитализирани во модуларни болници кои се несоодветни и кои горат за две минути, затоа што фирмата на Кочо Анѓушев, поранешниот вицепремиер ги направила несоодветни.
Николоски: Србија изгради цел Клинички центар за 35 милиони евра, а Филипче дава тендери од 30 милиони евра на веледрогерии блиски до власта
Н
– Во Србија изградија Клинички центар за цела јужна Србија за 35 милиони евра, а во Македонија само два тендери за фрлање во воздух коишто и не ги гледаме на ниту еден начин во здравството чинат 30 милиони евра, што јасно говори што се намерите, очекувам од министерот за здравство кој не дава оставка да и објасни на јавноста како баш со овие две веледрогерии во текот на летото се одлучил на да потпише вакви договори, критикуваше потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николоски во вечерашното гостување во „Што не е јасно“.