Одредени структури кои со децении се вгнездени во Судскиот совет и Обвинителството даваат силен отпор. Но во една редовна законска процедура во Собраните ќе бидат разрешени. Граѓаните очекуваат ред и правда и тие што згрешиле ќе одговараат, одговори на новинарско прашање, вицепремиерот Александар Николоски.

Како што истакна тоа е процес кој што граѓаните имаат најголеми очекувања, но за жал се одвива со динамика спротивна на очекувањата на граѓаните од причина како што наведе вицепремиерот Николоски, структурите во овие институции се вгнездени преку три децении и даваат силен отпор.

“Граѓаните очекуваат ред и правда, но за жал ниту Обинителството ниту судството тоа го испорачуваат. Тоа не значи дека сите таму што работат се неспособни или корумпирани, но една мала клика која што е добро поврзана меѓу себе и која политчки има бизнис мотиви го руши целокупниот систем и затоа сакаме да воведеме ред.  Првиот чекор беше интерпелациите на членовите на Републичкиот судски совет.И јас очекував дека дента кога ги поднесоа интерпелациите ќе поднесат оставка од причина што мнозинството кои ги избрало веќе не постои  и не само што не постои доживеа и катастрофален пораз на парламентарните избори што значи дека народната волја е јасно. Но наместо тоа, тие решија да се спротиставуваат, ќе поминеме низ процедура на разрешување во Собранието и ќе бидет разрешени.  Слично е и со Обвинителството. И таму се дава отпор, но тоа е прашање на месец или два. Правдата ќе ги стигне сите тие што згрешиле.  Јас можам да кажам само за ресорот што го водам, преку 29 кривични пријави и иницијативи имам поднесено до соодветните институции до сега не е реализирана ниту една што најмногу  кажува како и што работат. Слушаме ммогу ветување но малку реализација”-  изјави вицепремиерот Александар Николоски