Власта не набави навреме вакцини затоа што се обидоа да земат провизии. Додека сите земји почнаа да набавуваат и да нарачуваат вакцини, Зоран Заев и Венко Филипче се возеа со мотори и хеликоптери. Потоа не го менуваа законот. Кога сите производители рекоа или ќе набавите вакцини како држава или ќе немате, па потоа го сменија законот, а во меѓувреме договараа провизии, изјави Александар Николоски, потпретседател на ВМРО ДПМНЕ, во емисијата „Само интервју“ на Канал 5 ТВ.
Италијанскиот весник Ла Верита напиша дека Министерството за здравство го овластува „Стабри“ која е офшор фирма,со само тројца вработени и која тргува со банани. После Филипче изјави дека тоа е лага, а беа спремни 200 -000 вакцини , да платат по 65 долари за закцина. Кога Кинезите видоа што сака да направи Филипче, односно да земат провизија и Владата сакала да ја купи една вакцина за 62, 5 долари го прекинаа процесот. Сетоа ова го демантираше Филипче , се до вторникот кога ги објавивме документите. За ова ќе се одговара затоа што обидот за земање провизии чини човечки животи и имаше многу заболени, изјави Николоски.
Во Собранието нема предлог закон за изградба на нов Клинички Центар туку предлог закон за измени за јавни набавки, вели Николоски.
На влезна врата на клиника има оглас за доктори за работа во Катар и Дубаи со почетна плата од 5000 евра. затоа треба да им дадаеме шанса овде на нашите доктори да им обезбедитме добри услови за работа, истакна Николоски.