ВМРО ДПМНЕ  прогласува победа на локалните избори. Ова е јасна порака дека се потребни промени, и ова раководство  на ВМРО ДПМНЕ  ќе ги направи тие промени. Да се заблагодарам на тие што гласааа за ВМРО ДПМНЕ, изјави Александар Николоски, потпретседател на ВМРО ДПМНЕ за Сител ТВ.

Водиме во многу општини, во Аеродром, Битола, Богданци, Вевчани, Велес, Бутел , Виница, Гази Баба, Гевгелија, Зелениково, Демир Капија, Карбинци, Кисела Вода, Кичево, Могила , Новаци, Петровец , Прилеп, Пехчево . Имаме победи на Исток, на Запад, според нашиот аналитички центар Данела Арсовска води во Скопје, изјави Николоски.