За Преображение Господово, вицепремиерот Александар Николоски беше во новиот божји храм во Гостивар.
Со светата литургија чиноначалствуваа владиците г. Јосиф и г. Никола.
-Македонскиот народ гради храмови божји насекаде по нашата земја. Да се множат вакви убави дела. Нека празникот Преображение ни донесе сила и надеж за подобри денови, истакна Николоски.
Тој им го честита празникот на граѓаните.
