Заменик-претседателот на владата и министер за транспорт, Александар Николоски денеска ќе оствари работна посета во општина Гевгелија.

За време на посетата, како што соопшти Министерството за транспорт, Николоски ќе изврши увид во реконструкција на улица „Маршал Тито” и увид во изградена улица „Новопланирана 7“.

Изјави за медиуми се предвидени во 10:00 часот на улица „Маршал Тито”.