Во село Ангелци е изградена нова градинка – ќе почне со работа во ноември

Во село Ангелци, општина Василево, е изградена нова градинка. Таа ќе почне со работа во ноември и ќе згрижи 53 деца до шестгодишна возраст. На увид на објектот присуствуваа премиерот Христијан Мицкоски и вицепремиерот Александар Николоски.

„Нова градинка во Ангелци во општина Василево. Во оваа градинка од ноември ќе се згрижат 53 дечиња до 6 годишна возраст.“ напиша Николоски на неговиот Фејсбук профил.