Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски побара точка 5, Закон за игри на среќа да се тргне од дневен ред.

Николоски наведе повеќе аргументи за неговото барања.

Првиот аргумент кој го наведе Николоски е злоупотребата на европското знаменце при носење на овој закон. Николоски наведе дека има реакција од Европската комисија и дека овој закон нема никаква врска со пристапните процеси во Европската Унија.

Вториот аргумент на Николовски е за криминалот кој се одвива во Лотарија на Македонија. Бројни медиуми веќе подолго време ја известуваат јавноста за сериозни индикации и сомнежи за криминал

Николоски тврди дека со законот се прави обид за легализација на лиценца за видео – лотариски апарати и 3 лиценци за онлајн за среќа. Со овој закон се дава можност децата да се коцкаат преку својот телефон. Сите овие 4 лиценци ќе бидат легализирани со овој закон.

Оној кој што ги потпишувал овие лиценци е Артан Груби и дека законот не може ретроактивно да важи. Во момент кога законот не постоел, овие лиценци се издадени и тоа само по себе повлекува кривична одговорност, вели Николоски

Николоски го критикува законот со кој треба да се дистанцираат обложувалниците и коцкарниците – 500 метра од училиштата, а од друга страна овозможува деца од 12 години да се коцкаат по телефони. Лицимерието на овој закон е очигледна и законот е создаден да истурка бизнис интереси.

Едната лиценца е на српски Моцарт, друга е на бугарски капитал, а трета на заеднички капитал на фирма од Црна Гора и Косово. Овие компании ќе приредуваат онлајн игри на среќа за деца кои ќе ги трошат парите на нивните родители.

Законот бара сериозно размислување и Николоски бара законот итно да се тргне од дневен ред.