Подеднакво водиме грижа за сите наши сограѓани на територија на општина Бутел и проектите кои ги реализиравме и се во тек се проекти од кои ќе имаат сите граѓани бенефит без разлика на националната припадност, пишува на социјалната мрежа на Фејсбук Игор Николов претседател на советот на општината.

Оттука потенцираме дека при носењето одлуки во оваа општина исклучиво се водиме од потребата да придонесеме за доброто на граѓаните кои се жители на нашата општина.

Токму показател за ова се денешните одлуки на денешната седницата на Совет на општина Бутел за финансиска поддршка за издавање на монографија на г-дин Бајруш Мјаку кој е наш истакнат режисер и глумец и кој живее во нашата општина.

Исто така донесовме одлука за финансиска поддршка за врвни спортисти меѓу кои и Марио Мицковски, дете спортски талент кој донесе три медали од специјалната Олимпијада за лица со попреченост.

Продолжуваме цврсто и одлучно со грижата подеднакво за сите наши сограѓани кои живеат на територија на општина Бутел, пишува во својата објава Николов.