Во Брисел, на 19 јули 2019 година, се одржа меѓувладина конференција меѓу Македонија и ЕУ, за зачленување.

Тоа беше можно откако два дена порано, на 17 јули, во Софија, Бујар Османи потпиша втор протокол, којшто претставува целосна капитулација на Македонија.

Со преговарачката рамка, којашто e усогласена, ама сѐ уште не сме ја прифатиле, Македонија нема никогаш да влезе во ЕУ.

Со вториот протокол, Македонија прифати серија бугарски ултиматуми, што е срамно понижување. Ќе се менува и уставот, што не е обврска од договорот за (не)пријателство. Тоа следува откако Софија не успеа да го убеди светот дека не постоиме како народ. За таа цел, широко дистрибуираа „објаснувачки меморандум“, следен со други безобразлуци.

На Меѓувладината конференција, објавена е преговарачката рамка, со којашто СЕ ПОВИКУВА НА НАШЕ ИСПОЛНУВАЊЕ како на договорите, така И НА СИТЕ ПРОТОКОЛИ со Бугарија.

За да се прикрие овој наш тежок пораз од Бугарија, измислен е „француски предлог“. Како претседавач со ЕУ, Франција, секако вршела жесток притисок, ама капитулацијата е – наша.

* * *

На конференцијата, ЕУ претстави четири документи:

I ВОВЕДНА ИЗЈАВА ЗА ОТВОРАЊЕ ПРИСТАПНИ ПРЕГОВОРИ

Во неа се вели дека одржаната меѓувладина конференција е – „прва фаза на отворање на пристапни преговори на Македонија со ЕУ“. Значи, преговорите не се отворени.

1. Клучен за нас е делот во кој се вели – „Во однос на преводите на правото на ЕУ на македонски, ЕУ ги зема предвид соодветните еднострани декларации на Бугарија и Македонија за македонскиот јазик“!

2. Со официјалното повикување на бугарската изјава, дека македонски јазик – нема, ЕУ го отвори патот за негово негирање. Нашата изјава е барана како баланс на бугарската, и таа е – катастрофална! Сѐ со цел да се одоброволи Софија!

3. Бугарија тврди дека нашиот јазик е дијалект на нивниот, а главна поента во нашиот одговор е дека македонскиот јазик е кодифициран во 1945 година! Таквата формулација, сигурно диктирана од Софија, целосно се поклопува со бугарската небулоза дека токму тогаш нѐ измислил – Тито! Заедно со јазикот! Изјавата е наша погубна капитулација за јазикот!

4. Ова е и директна потврда дека ПРАШАЊЕТО НА МАКЕДОНСКИОТ ЈАЗИК ВО ЕУ – НЕ Е РЕШЕНО, како што ни тврдат. ЕУ отворено се дистанцира од македонскиот јазик, иако за тоа нема никаква основа. Ова е официјална најава дека, на крајот, МАКЕДОНСКИОТ ЈАЗИК ЌЕ БИДЕ ОСПОРЕН. На кој начин и како, ќе видиме. Бугарија, во никој случај, нема да дозволи во ЕУ да се користи изворен македонски јазик.

5. Се – „потсетува на важноста од … спроведување на билатералните договори со Грција и Бугарија“ и „постигнување на видливи резултати“! Значи, од нив ќе зависи напредокот!

II ПРЕГОВАРАЧКА РАМКА

Точка 3 – „темпото на проширување мора да го земе предвид капацитетот на Унијата да прими нови членки…“. Јасно ни порачале да не бидеме премногу оптимисти.

1. Точка 5 – „…посветеноста на Македонија за добрососедски односи и поблиска регионална соработка, вклучително ПРЕКУ ПОСТИГНУВАЊЕ ВИДЛИВИ РЕЗУЛТАТИ И СПРОВЕДУВАЊЕ НА БИЛАТЕРАЛНИТЕ ДОГОВОРИ ВО ДОБРА ВОЛЈА, ВКЛУЧИТЕЛНО И ДОГОВОРОТ СО ГРЦИЈА И ДОГОВОРОТ ЗА ДОБРОСОСЕДСКИ ОДНОСИ СО БУГАРИЈА ОД 2017, КАКО И ГОДИШНИТЕ ПРЕГЛЕДИ И МЕРКИ ЗА НЕГОВО ЕФЕКТИВНО СПРОВЕДУВАЊЕ според член 12…“.

2. Незамисливо е „ГОДИШНИ ПРЕГЛЕДИ“, поточно протоколи, или записници, да бидат дел од преговарачката рамка! Тоа никако не смеело да се прифати. Така, во прв план се исфрла историската комисија, која ќе одлучува дали и како ќе напредуваме кон Брисел. Фали уште да се повикуваат на SMS телефонски пораки!? За најсигурно да не дотолчат!

3. Објективно, нашиот дел од Комисијата, нема да може да капитулира на сите бугарски невидени будалштини (Делчев, Илинден…). Тоа ќе значи целосна блокада на преговорите. Ако започнат. Затоа, бесмислено е сега да се менува Уставот.

4. Точка 7 – „Суштината на преговорите ќе се води на Маѓувладина конференција со учество на сите членки на ЕУ и Македонија. Таа ќе се одржува најмалку еднаш годишно“.

5. „Комисијата (на ЕУ) систематски ќе ги консултира и земјите членки во текот на процесот на пристапување. Земјите членки може да придонесат преку СЛЕДЕЊЕ НА ТЕРЕН ПРЕКУ НИВНИ ЕКСПЕРТИ…“.

6. И, што мислите? На овие конференции, Бугарија ќе аплаудира на нашиот напредок? Или, дека за секое поглавје нема да испраќа свои „експерти“ во Македонија? Се разбира, со „добра намера“. Да „помогнат“! Ќе бараат влакно во јајце за да не понижат и навредат. И, цело време – ќе нѐ блокираат!

Целата колумна на Ристо Никовски за Плусинфо на следниот линк:

https://plusinfo.mk/pregovarachkata-ramka-istoriski-poraz-na-makedoni-a/