Дипломатот со големо искуство, Ристо Никовски денешните пораки на Фон Дер Лајен ги оценува дека не се ништо ново туку уште еден жесток притисок од Брисел за уставните измени и реафирмација на политиките на ЕУ – да го држат отворено прашањето за проширување, но без конретни ветувања за евроинтеграциите на земјава.
– Оваа посета мора да се гледа како една манифестација на интересите на Брисел кои се неспорни и жесток присток да продолжиме со уставните промени кои ништо нема да сменат, а за возврат ќе добиеме некакви финансиски компеназиии и ние и другите земји кандидати за членство, кои во крајна линија нема ништо да променат. Во дадените услови кога имаме длабока поделба и конфронтација меѓу Македонците околу промена на Уставот кои се надвор од умот, сосема непотребни и срамно барање на Брисел, тоа што не се сретна со опозицијата е еден суптилен и жесток притиоск врз нив и најава за нивно де факто изолриање.
Поранешниот амбасадор Никовски за нашиот медиум во текот на ланската година даде интервју каде даде осврт за преговорите со Бугарија.
Лидер: Што се однесува за спорот со Бугарија. Значи ли дека со новата амбасадорка ќе се интензивираат преговорите со Софија, ќе има ли некој нов притисок?
-Тоа не се прави од Скопје, тоа се прави пред се од Вашингтон или поконкретно од самата Софија. И тој притисок американски да се излезе од ќорсокакот е реален но и објективен, тие сакаат како и сите наши соседи вклучувајќи ја и Бугарија да започне тој процес на преговори бидејќи тоа ќе биде начин да не осакатат дополнително и целосно во однос на нашиот македонизам.
Тоа едвај го чекаат Грците, но и Бугарите. И Софија сега тактизира за да добие што поповолни позиции во преговарачката рамка и да и биде полесно сите свои средновековно и националшовинистички интереси да ги реализира во Македонија.