Железничкиот сообраќај на релација Гевгелија – Скопје кај Градско е нормализиран, информираа од Регионалниот центар за управување со кризи од Велес.
Сообраќајот беше во прекин поради железничка несреќа во која воз удри во маж кој почина на самото место. На местото на несреќата е извршен увид од екипи на СВР Велес и јавен обвинител.