Норвешки медицински лица тврдат дека ја откриле причината за несаканите ефекти по примањето на вакцината на „Астра Зенека“, објави весникот „Верденс Ганг“.

– Станува збор за силен имунолошки одговор предизвикан од вакцината, изјави проф. Пол Андре Холм.

Тим медицински лица од болницата „Рикхоспиталет“ работеа напорно за да откријат зошто тројца здравствени работници на возраст под 50 години биле примени со тромб, откако се вакцинирани со „АстраЗенека“.

– Нашата теорија дека станува збор за силен имунолошки одговор, што со голема веројатност е предизвикан по вакцинацијата, е потврдена. Откривме специфични антитела во тромбоцитите, кои покажуваат слика позната од други области на медицината и предизвикана од специфични лекови, додаде Холм.

Научниците велат дека ништо друго, освен вакцината, не може да ја објасни појавата на овој имунолошки одговор, бидејќи станува збор за специфични антитела.