Кристијано Роналдо постигна нов гол и стигна до вкупно 986-ти погодок во својата професионална кариера. Со овој ефект, португалскиот фудбалер е на само 14 голови до остварување на историскиот јубилеј од 1.000 постигнати голови.
Во натпреварот од деветтото коло во шампионатот на Саудиска Арабија, екипата на Ал Наср доживеа пораз на гостувањето кај Ал Ахли со резултат 3:1. Роналдо го отвори резултатот уште во 14. минута од средбата, носејќи водство за својот тим со својот 986. погодок во кариерата.
Само четири минути по постигнатиот гол, португалскиот напаѓач имаше прилика дополнително да ја намали разликата до рекордот, но не успеа да реализира удар од белата точка. И покрај промашениот пенал, прашање на време е кога тој ќе успее да ја достигне границата од илјада голови во кариерата.
