Додека Македонија го чека турското МНР да даде зелено светло за екстрадиција на Љупчо Палевски, официјална Анкара бара испорака на 5 припадници на ФЕТО или тн ,ѓуленисти”, дознава телевизија 24.
Според нашите извори, барањето за испорака на ѓуленистите е пристигнато во Скопје веќе некое време, но дали е услов за екстрадиција на Палевски, првоосомничениот за двојното убиство на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски, засега молк и од турското МНР и од македонското министерство за правда.
Според правилата во Турција, за екстрадиција на Палевски, потпис мора да стави шефот на турската дипломатија Хакан Фидан, а потоа и министерот за правда. Судскиот дел околу екстрадицијата е веќе одамна завршен, но потпис нема, а нема ниту најава кога екстрадицијата ќе се случи.
Телевизија 24 испрати прашања до портпаролот на министерот за надворешни работи на Турција : Кога министерот Фидан ќе се потпише, зошто се чека толку долго и кога може да се очекува Палевски во земјава? Дали одолговлекувањето на екстрадицијата на Палевски е затоа што Турција бара од македонските власти за возврат да испорачаат членови на ФЕТО или „ѓуленисти“? Од таму самократко вратија дека информацијата ќе се провери и ќе се испрати официјален одоговор.
Тв24 испрати прашања и до министерството за правда, но одоговор нема.
Инаку Турција со години бара испорака на турски државјани, кои се осомничени за поврзаност со движењето на Фетулах Ѓулен, кого Анкара го смета за организатор на обидот за државен удар во земјата во август 2016та година. ФЕТО е термин кој го користи турската влада кога зборува за поддржувачите на Фетулах Ѓулен, кој пак живее во Соединетите Американски Држави.
Претседателот Пендаровски неодамна порача дека според информациите од разузнавачки карактер, најголемиот број на тн ѓуленисти не се повеќе во земјава.
Макеоднија пак веќе 5 месеци го чека Палевски да биде испорачан од Турција, откако на 5 декември беше уапсен од турските власти во Беликесир, по распишувањето на меѓународна потерница. Ако биде екстрадиран, Палевски ќе биде го чека судско решение за 30-дневен притвор и ќе биде пренесен веднаш во истражниот затвор во Шутка.