Силниот ветер дополнително ја отежнува работата на пожарникарите, а според грчките медиуми, иако рано утрово се интервенираше и од воздух, поради ветерот, хеликоптерите не може да летаат.

Според противпожарната служба на Грција, пожарот го гаснат 46 пожарникари со 20 возила, еден пешадиски тим и пет хеликоптери, од кои еден е за координација.

Прекинат е поморскиот сообраќај меѓу Атина и Евија, а според грчката новинска агенција АНА-МПА, од Министерството за поморство во состојба на готовност се бродови во случај да е потребна евакуација на жителите.