Во една од бомбите која беше објавена вчера, Радмила Шекеринска изрази загриженост за одредени случувања во редовите на партијата.

– Морам да кажам дека за некои работи сум и загрижена и сакам апсолутно да не сум во право. Загрижена сум дека за одредени прашања влегуваме во старата замка. А тоа е да ги затвораме очите од некои проблеми од кои само ние можеме да ги решаваме, никој друг. Загрижена сум за тоа чувство дека ако си го одмолчиш своето, нема да има никакви проблеми. А тие проблеми само се зголемуваат. Загрижена сум што е сомнително кога некој има став и некаква позиција, исправна или не. А не кога ги жртвува и ставот и принципите за некаква лична цел. И загрижена сум што повеќе почнавме да им веруваме и да им помагаме на луѓето коишто ескивираа или се дистанцираа, а помалку на оние коишто страдаа заедно со нас. Се надевам дека тоа мое чувство дека за некои работи шушкаме, а не зборуваме за да го решиме проблемот, тоа нема да и помогне, само ќе и’ одмогне на партијата, рече Шекеринска.

Имаше и останати аудио бомби во кои делегатите ја критикуваа работата на СДСМ, а тие набргу во текот на вчерашниот ден беа отстранети, што значи дека цензурата проработи и покрај јавната заложба на претедателот на партијата СДСМ Зоран Заев дека ќе се почитува и охрабрува различното мислење.

Денеска на Фејсбук страницата „Оставка на Заев“ произлегоа уште 2 аудио бомби.

Имено, на едната говори Максим Димитриевски, градоначалник на Куманово кој што потсети на 15-от Конгресот на 30.06.2013 година кога се променил и дополнил статуот на СДСМ, и дека гледајќи од ова дистанца денес, многу сопартијци не го почитувале или разбирале слогото транспарентност, отчетност и одговорност и дека партијата е сведена на здруженија на мали групи организирани и взаемно поврзани луѓе.

Во продолжение може да го слушнете во целост неговиот говор на 26от Конгрес на СДСМ.

 

Максим до Заев на Конгресот: партијата се сведе на здруженија на поединци

#оставканаЗаев
#реформивоСДСМ

Posted by Оставка на Заев on Tuesday, May 18, 2021