Американските сили го бомбардираа Иран откако претседателот Доналд Трамп објави дека Техеран ќе плати скапо за смртта на американските војници, додека Иран во вторникотот возврати со удари врз американските бази и интереси во Бахреин, Кувајт и Јордан, а еден танкер е погоден во Хормускиот теснец.

Размената на оган се случи ден откако јеменските Хутист, шиитска заедница поврзана со Иран, објавија поморска блокада на Саудиска Арабија, што потенцијално ќе отвори нов фронт во војната и ќе ја зголеми заканата за глобалните снабдувања со енергенси и трговијата надвор од Персискиот залив.

Експлозии се слушнаа околу градот Шираз на југот на Иран. Конарак и Чабахар на јужниот брег и градот Хорамабад и населбата во близина на Абданан на запад, исто така, беа нападнати, според државните медиуми.

Ирански напади низ целиот регион
Иран ги продолжи нападите низ Заливот, каде што неодамнешните напади врз постројките за десалинизација предизвикаа загриженост за недостиг од вода и истакнаа растечка закана за цивилната инфраструктура.

Иранската Револуционерна гарда соопшти дека нападнала инфраструктура во Бахреин што ѝ припаѓа на американската технолошка компанија „Amazon“ како одмазда за американскиот напад врз градилиштето на планираната нуклеарна централа Дарховин во Иран. Гардата, исто така, објави дека нападнала американски воен објект во Јордан.

Иранските државни медиуми објавија дека иранските сили, исто така, нападнале сместувачки капацитети што ги користи американскиот воен персонал во воздухопловната база „Шеик Иса“ во Бахреин. Иранската војска соопшти дека во вторникот извршила напади со беспилотни летала врз три американски воени бази во Кувајт.

Британската агенција за поморска безбедност (UKMTO) во вторникот објави дека танкер во Хормускиот теснец бил погоден од непозната ракета, принудувајќи го екипажот да го напушти бродот и да се качи на чамец за спасување.

Хутистите, кои се регионален сојузник на Ирам, објавија дека ќе го затворат теснецот Баб ел-Мандеб, влезот во Црвеното Море, доколку САД продолжат да ја напаѓаат иранската енергетска инфраструктура, ставајќи ги во опасност две од најважните енергетски артерии во светот.

Целосното затворање на теснецот Баб ел-Мандеб би можело да ги намали глобалните залихи на нафта за 7 отсто, бидејќи поголемиот дел од извозот на нафта на Саудиска Арабија нема да има од каде да го напушти регионот, што ќе се зголеми на падот од 10 отсто на протокот на нафта веќе предизвикан од војната во Персискиот залив.

Притисок за обновување на прекинот на огнот
Висок ирански функционер изјави за Reuters во понеделникот дека Техеран добил предлог за 10-дневен прекин на огнот од неколку медијатори во обид да го спаси привремениот договор потпишан минатиот месец. Документот има цел да го отвори патот за траен договор за завршување на војната што започна на 28-ми февруари со неиспровоцираните американско-израелските напади врз Иран.

Израел не се придружи на последната рунда напади врз Иран. „Не сакаме да се вклучиме во ова, но сме подготвени за секаков сценарио“, изјави во вторникот израелскиот министер за финансии Безалел Смотрич.

Иранскиот министер за внатрешни работи Ескандар Момени побара од Пакистан да ја продолжи својата улога како медијатор во конфликтот. Подоцна во текот на денот пристигна во Исламабад за натамошни разговори.

Последната фаза од борбите се покажа како меѓу најсмртоносните во конфликтот за американските сили. Бројот на загинати американски војници се искачи на 17 во текот на викендот.

Илјадници луѓе беа убиени во војната, главно во Иран и Либан. Делови од Либан остануваат под израелска окупација откако шиитското движење Хезболах конечно на 2-ри март го нападна Израел по повеќемесечните секојдневни израелски напади и покрај прогласеното примирје и како одмазда за убиството на иранскиот врховен водач ајатолахот Сејед Али Хамнеи на 28-ми февраури.

Либанскиот претседател Жозеф Аун треба да се сретне со Трамп во Белата куќа во вторник за да презентира план за тоа како да се разоружа моќниот и влијателен Хезболах и да се обезбеди повлекување на Израел.

Извор: Нетпрес