И покрај обидите на Република Бугарија да ги претстави Македонците од Албанија како Бугари, историските документи јасно ги негираат овие квазиисториски тврдења, пишува „Нова Македонија“. Постојат голем број документи во албанските и италијанските архиви, но особено е интересен извештајот на италијанскиот генерал Енрико Телини, во кој меѓу другото можеме да прочитаме „кога ги прашував за етничката припадност дали се Бугари, сите одговараа дека се Македонци“. Оваа констатација на Енрико Телини ја потврдува и претставникот на бугарската амбасада во Истанбул, Тодор Марков. Споменатиот бугарски дипломат за состојбата во селата во кои се претендира дека има Бугари во Албанија, на 15 септември 1923 година го известил и Министерството за внатрешни работи на Бугарија
Од денешна перспектива, кога Бугарија директно или индиректно преку разни приватни фондации и организации се обидува да ги претстави Македонците во Албанија како дел од бугарскиот народ, постојат голем број историски документи во италијанските и албанските архиви што го тврдат токму спротивното. Во тој контекст особено се интересни извештаите на италијанскиот генерал Енрико Телини, претседател на Меѓународната комисија за утврдување на границите помеѓу Албанија, Кралството на СХС и Грција во 1923 година, во кои јасно се наведува дека населението во пограничните делови се изјаснувало како македонско, а не како бугарско.
Целата сторија на „Нова Македонија“