Нови дојави за бомби пристигнале на електронските пошти на неколку средни училишта во Скопје. Засега, според информациите на 360 степени, дојави имало во средните училишта „Орце Николов“ и „Владо Тасевски“.
Како што можевме да забележиме, учениците од СУГС „Владо Тасевски“ во моментов се евакуираат од училишните простории, а полицијата врши проверки.
Потврда за новите дојави има и од МВР од каде најавуваат повеќе детали наскоро.
Пред два дена, дојави за поставени бомба стигнаа на електронските адреси на Народната банка на РСМ и на девет средни училишта во Скопје.