Иранската армија соопшти дека извршила нов напад врз американски бази во Блискиот Исток, при што биле употребени беспилотни летала насочени кон цели во Кувајт и Бахреин.
„Армијата лансираше беспилотни летала врз цели во Кувајт и во Бахреин“, се наведува во соопштението на иранската војска.
Засега нема информации од властите во Кувајт и Бахреин дека биле активирани системите за воздушна одбрана како одговор на наводните ирански напади.
Од двете земји сè уште не е потврдено дали нападите предизвикале материјална штета или имало евентуални последици врз воените објекти.
