Ќе протестираат угостителите, туристичките работници, сметководителите, танцовите училишта и други.

За досегашни собири пред Министерството за финансии велат дека се игнорирани. Доставиле барања, но не добиле никаков одговор.

Повеќе сектори се на работ на егзистенцијата и ако државата не им помогне, ќе ги затворат фирмите и ќе ги отпуштат работниците.